Најчевска: А, не беше банално кога баравме оставка од Јанкуловска за убиството на Мартин?

Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој на прашање околу морална одговорност за трагедијата во тетовската модуларна болница рече дека е тоа „банално…“.



„А ,кога излеговме и баравме со денови и денови и денови оставка од Гордана Јанкуловска заради убиството на Мартин, тоа не беше банално?

Јас сум меѓу тие кои излегуваа секој ден и кои седеа на асфалтот и бараа оставка од Јанкуловска.

Банално“- напиша Најчевска на Фејсбук.