„А, ќе има во кампањата информација за придобивките од вметнувањето на Бугарите како државотворен народ кој се борел за самостојна Македонија?
За менувањето на окупаторите во администратори? И секако за непостоењето на Македонци на територијата на денешна Бугарија?
Живо ме интересира некоја информација за придобивките од овие нешта„, прашува на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска во врска со најавената кампања од 80.000 евра со која власта ќе ги убедува граѓаните за потребата од донесување на уставните измени.
„Наместо осмислена дебата и јавна расправа тие плаќаат изработувачи на реклами.
Така работат con artist.
Тие продаваат добро спакувани лаги. Што е поскапа опаковката толку е поголема лагата.
Зошто не сакаат расправа? – констатира Најчевска.






