Најбогатиот Словенец за платите во Македонија: Бетер од кинеските

Најбогатиот Словенец, Санди Чешко, смета дека има шанси производството од развиените земји да се врати во помалку развиени региони и како пример наведува три земји од Западен Балкан.



„…заради економскиот развој, платите во Кина растат. Работите се скоро еднакви. Значи, нема разлика кај платите, значителен број работници работат во несигурниот систем и во вакви околности лесно е да се вратат значителен број работни места во САД и Западна Европа.

Сè уште не сме свесни за тоа, но платите во добар дел од Балканот – во Македонија, Србија, БиХ, денес се многу пониски отколку во Кина. И тоа е главната причина зошто денес зборуваме за враќање на дел од индустријата “, наведува Чешко во интервју за хрватскиот „Новац.хр“,