Со вас сме момци. Долу владата!
Ова е пораката што ја објавија на Фејсбук најблиските сопартијци од Алтернатива а која е упатена до пратеникот на оваа партија Скендер Реџепи Зејд.
Во пораката нема директно обраќање до Реџепи но со оглед дека се работи за неговиот тим што работел за него на ланските парламентарни избори односно луѓето кои му помогнале од изборната единица 1 да влезе во парламентот познавачи на приликите во албанскиот политички блок велат дека таа се однесува на пратеникот што се премислува.
Предходно членот на Алтернатива, бизнисменот Али Исмаили на чиј профил е објавена сликата и пораката напиша: “Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано”.
Веднаш по објавата на заедничката фотографија на лидерите и претставниците на Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, БЕСА И Левица Исмаили напиша: “Се надевам на најдоброто. Неоопходна промена”.

Вчера за ТВ21 Реџепи напиша дека ако не може да ја убеди Алтернатива да не гласа за уривање на владата поради Левица ќе може да се повлече од пратеничката функција.





