Пратеникот, портпарол на СДСМ и најблизок соработник на премиерот Заев, Костадин Костадинов преку Твитер наведи стотици илјади луѓе.
Со користење на навредливи зборови кои на социјалните мрежи се употребуваат за да се етикетираат и навредат приврзаниците на опозицијата и сите противници на СДСМ Костадинов предизвика гнев на најмалку половина милион македонски гласачи и граѓани.
“Додека ВМРАНАТА и НЕУТРОВМРАНАТА плукаат и колнат, би сакал да ве известам дека го спремаме шестиот сет на економски мерки за граѓаните”, напиша Костадинов кој освен што непотребно користи србизми навредува огромен број луѓе од чии даноци ја добива својата пратеничка плата.
Во коментарите тој добива критики и од противници на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека ВМРАНАТА и НЕУТРОВМРАНАТА плукаат и колнат, би сакал да ве известам дека го спремаме шестиот сет на економски мерки за граѓаните.
— Костадин Костадинов (@kostadinkosta1) April 19, 2021





