“Откако знам за себе, секогаш многу размислувам за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе се потрудам што повеќе да понесам со себе”, им соопштил на пријателите напаѓачот кој во пукањето во универзитетот Перм на Урал во Русија убил 8 колеги и ранил уште 20-на.



Има најмалку осум мртви и околу 20 ранети лица, соопштиле денеска претставници од истражните служби, како што јавува новинската агенција Интерфакс. Според изјава на надлежно лице од универзиттеот, напаѓачот, исто така студент, во меѓувреме е ранет и е уапсен.

Студентите од кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.

Руските медиуми пренесуваат дека станува збор за 18-годишно момче, по име Тимур, кое нападот го најавило на социјалните мрежи.

Тој на своите пријатели им пратил порака во која наведува дека долго се подготвувал за овој настан.

Експертите соопштиле дека станува збор за момче кое имало психички проблеми и патело од длабока депресија.