Надлежните институции започнале со проверка на случајот за доделување финансиски средства од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, објави вчера вице-премиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.



Тој на Фејсбук објави дека е во постојана комуникација со институциите, со цел случајот целосно да се истражи и да се расчисти.

„Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност ако за тоа има основа“, напиша Николовски на Фејсбук.

„Како член на владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“.

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2835906086630912