Битола е од полициска блокада пред денешното отворање на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, на кое ќе присуствува бугарскиот државен врв предводен од премиерот Кирил Петков.



Центарот во Битола, посебно улицата „Рузвелтова“ каде што во 14 часот треба да се одржи свеченоста, е целосно блокиран од полицајци. Движењето по оваа улица е забрането, а забранет им е пристап и на сопствениците на дуќаните, кои силно реагираа на таквата постапка.
Ограничено е движењето на битолчани и по Широк Сокак, јавува Нова Македонија

По повод доаѓањето на бугарската делегација во која покрај Петков се и бугарската вицепремиерка Илиана Јотова, актуелната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната Екатерина Захариева и лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов најавени се протести.

Неколку здруженија на граѓани и асоцијации – здружението „Дамјан Груев“, партијата Левица, Општинскиот одбор на Сојузот на борци Битола, Заедницата на Македонците протерани од Грција – најавија дека со протест ќе го искажат несогласувањето со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“.