Синдикатот на Министерството за финансии најавува масовни протести доколку не се зголемат платите до 30 отсто во согласност со консензуално донесениот Закон за буџети.
Од синдикатот тврдат дека Владата се обидува да им го скрати на вработените тоа што им припаѓа и најавуваат масовен штрајк.
„Пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30 проценти.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор – Секторот за буџети, а не за сите вработени.
Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, Владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл. 66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените“, соопштија од Синдикатот на Министерството за финансии како што пртенесува Слободен печат.
Од Сојузот на синфикатите на Македонија, (ССМ) најавија дека ќе поднесат кривична пријава против министерот Бесими.
Причината за тоа велат дека е „сторено кривично дело по член 166 од Кривичниот законик“, со што го повредил, одземал или го ограничил правото што му припаѓа на работникот и не ја зголемил платата на вработените во Министерството, иако има законска обврска за тоа.
Министерот за финансии Фатмир Бесими кога ги повлече решенијата за зголемените плати рече дека не е против зголемувањето на платите во Министерството, тој прв се залагал за тоа, но дека е потребно да се изнајде системско решение.







