Профилот Демир на Твитер кој важи за добро упатен во (анти)корупциските трендови во Македонија вечерва објави извод од јавниот список на тендери во Македонија кој може да биде многу спорен.

Според изводот сопственикот на фирмата која цели 12 години продавала софтвер на Јавното Претпријатие Градски Паркинг е брат на раководител и сегашен помошник директор на јавното претпријатие.

Братот и помошник на директорот е функционер на Демократски Сојуз на Павле Трајанов.
Според антикорупциските правила тендери и бизниси меѓу двајца браќа во приватна фирма и јавно претпријатие кои со години воделе бизнис е индиција за корупција и можен криминал.
Сумата која се гледа на алатката за јавни набавки на Владата укажува на над 2 милиони евра кои биле платени од јавното претпријатие на едниот брат на приватната фирма на другиот брат во период подолг од една деценија.
❗️Нетрпеливо ја очекувам одлуката на @VladaMK да го именува ВЛАДИМИР КРОНЕВСКИ за нов Дир. на Службен Весник 👉
–
❗️ОЧЕКУВАМ од @VMRO_DPMNE ДА ОТВОРИ КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ за јавните набавки на ГРАДСКИ ПАРКИНГ со НЕКСТСЕНС каде +12г браќата Кроневски сами себе си местеле ТЕНДЕРИ pic.twitter.com/IGYNzzsCW2— Демир (@Trollowsky) February 1, 2022
Предходно Демир објави документи според кои толку едниот брат од Градски Паркинг Скопје му дал незаконска дозвола на вицепремиерот Артан Груби.
Споменатиот молчи од кога беше објавено дека некој дал дозвола надвор од законот
Откриен ли е функционерот што незаконски му дал бесплатен паркинг на Артан Груби? (ФОТО)





