Кои се луѓето што еден ден по изборите и два месеци по трагедијата во Тетово во која живи изгореа 14 луѓе гласале за да му се даде награда на министерот за здравство Венко Филипче.
Според официјалните документи од Град Скопје за наградата 13 Ноември да му се даде на Филипче гласале двајца екс општински советници на СДСМ, екс советник на Заев, пејачка што лобираше за Северна, актер кој беше лустриран како и уште 6 други членови на комисијата што ги избира лауреатите.
Тимот лекари меѓу кои бил и министерот кој не смее да се занимава со друга дејност освен министерување, добил 10 гласа од 11 членови на жирито.
Јавноста нема никаква забелешка за другите членови на тимот лекари меѓу кои се наоѓа и Филипче но проблем е министерот за кој постои сомнеж дека наградата за добил поради политичката позиција втор човек во СДСМ и министер.
“Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по спроведеното тајно гласање, и официјаоно ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година. Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова”, објави град Скопје во свое соопштение.
Претседателката на комисијата Вангелина Мојановска инаку наставник е екс член на советот на општина Аеродром од редовите на СДСМ.
Општински советник на СДСМ бил и познатиот шахист Роландо Кутиров кој бил дел од советот на општина Кисела Вода.
Во жирито кое гласало за наградата на Филипче е и Петар Арсовски, актер познат по многу улоги но и како жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ кој водеше судски спор за да ги докаже обвинувањата дека не го кодошел Ристо Шишков.
На списокот е и пејачката Виолета Томовска која учествуваше во кампањата за промена на името на референдумот и прифаќање на Северна.
Еден од тие што одлучувале за наградата на Филипче е и новинарот Љубиша Станковиќ кој паралелно беше советник за правосудни работи на премиерот Заев и новинар во ТВ24.
Меѓу добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2021 година во категорија здравствени работници Филипче наградата ја дели со одлична екипа лекари кои се наградени во областа на здравствената заштита.
Освен за министерот за ниту еден друг член на тимот лекари нема забелешки во јавноста.
“1. МЕДИЦИНСКИ ТИМ на доктори – кој ја изведе првата операција во Република Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови:
доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска.
-за успешно извршена прва операција во Република Северна Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови”, стои во документот со кој се дава наградата на лекарскиот тим.
Зошто меѓу другите навистина заслужни лекари во наградениот тим е ставен и Филипче или тој самиот не се повлекол од наградата и номинацијата и со тоа предизвика контроверзи е прашање за кое треба да одговори министерот кој молчи за наградата.





