Добитник на највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности во земјава, „11 Октомври“ за 2023 година, ја доби композиторот Љупчо Константинов соопшти Министерството за култура.
Наградата ќе му биде врачена на 11 Октомври во Собранието.
Љупчо Константинов (1946) дипломирал на Музичката академија во Белград. Автор е на музиката за многубројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. Меѓу другите, автор е и на музиката за филмовите „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.
Композиторот во 2019 година ја доби наградата „Голема ѕвезда“ на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а пролетва ја доби и наградата „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија.






