Наградата „11 Октомври ќе му биде врачена на композиторот Љупчо Константинов

Државната награда „11 Октомври“ за 2023 година денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе му биде врачена на композиторот Љупчо Константинов.



Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста, пренесе Независен.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.