„Тој заслужи да ја добие Нобеловата награда за мир, затоа што нè врати од работ на бездната каде бевме туркани од претходната влада, и со своите идеи ни обезбеди сто години мир“!



Ова било објаснувањето на еден од предлозите за Нобеловата награда за мир, за поранешниот германски канцелар Адолф Хитлер во пресрет на Втората светска војна во 1939 година!

Ова укажува на апсурдноста на многу предлози што доаѓаат од северот на Европа и, на крајот, на претходните добитници на самата награда, која сепак има тежина поголема од нејзината парична вредност од еден милион евра.

Нобеловиот комитет тогаш имаше храброст да го отфрли лудиот предлог на нацистичката пропаганда- пишува Ал џезира.

„ И не е прв пат во долгата традиција на оваа престижна награда со 119 годишна традиција, меѓу наградените да се најдатр и мировници и воинствените политичари чии имиња брзо да бидат брзо заборавени, како и нивниот придонес за мирот во светот.