Награда „Евалд фон Клајст“ за Заев и Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот колега Зоран Заев ќе ја добијат престижната награда „Евалд фон Клајст”, во знак на признавање на нивните напори за решавање на разликите меѓу двете земји и потпишувањето од Преспанскиот договор, кој го менува името на БЈРМ во Северна Македонија, дознава АНА-МПА.



Наградата ќе биде доделена на 55-та Минхенска конференција за безбедност (MSC) на 16 февруари.

Претставник на безбедносната конференција во Минхен, изјавил за Дојче веле потврдил дека Ципрас и Заев ја прифатиле поканата да учествуваат на конференцијата во Минхен од 15 до 17 февруари.

Наградата “Ewald von Kleist” е воспоставена во 2009 година, а добитници досега биле Хенри Кисинџер, Хавиер Солана, Хелмут Шмит и Валери Жискар Д’Естен, Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и поранешниот германски претседател Јоаким Гаук, како и Џон Мекејн, пишува грчката агенција.