Нафтата загуби речиси четвртина од вредноста по најголемиот скок на цената во последните 14 години.
За прв пат од почетокот на кризата во Украина, барел сурова нафта падна под 100 долари.
По информациите дека САД и Европа може да престанат да купуваат руска нафта, цената на горивото достигна врв од близу 140 долари.
Но берзите реагираат на преговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, што е главната причина за големиот пад.






