Нафтата може да скокне до 150 долари по барел – проценка на „Блумберг“

Аналитичарите предвидуваат сценарио кое ќе предизвика зголемување на цената на нафтата, повисока инфлација и побавен економски раст. Глобална војна меѓу Иран и Израел би направила најголема штета.



Според Bloomberg Economics, доколку Иран се вклучи во израелско-палестинскиот конфликт, глобалната економија ќе падне во рецесија поради тоа што ќе скокне цената на нафтата.

Колку повеќе се шири конфликтот, толку повеќе неговото влијание станува глобално, а не регионално… Конфликтот на Блискиот Исток може да го потресе светот, бидејќи тој регион е клучен снабдувач на енергија и клучен транспортен портал“, пишуваат аналитичарите.

Во тој случај, цената на нафтата би можела да скокне до 150 долари за барел. Глобалната инфлација најверојатно ќе се зголеми на 6,7%, во споредба со тековната прогноза на ММФ за 2024 година од 5,8%. Во монетарна смисла, тоа би ја чинело глобалната економија блиску 1 трилион долари.