Советот на Општина Охрид на денешната дваесет и втора седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини.
Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.
„Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини“ , информираше претседателот на Советот Сашо Донев, јавува Охрид њуз посочи дека
Нафи Усеини беше предводник на советничката листа на ДУИ локалните избори во 2021 година на која оваа партија освои две советнички места.
На пошироката јавност, Нафи Усеини ѝ беше познат како бизнисмен и претседател и на огранокот на ДУИ во Охрид, кој доби осудителна пресуда за претепување на својот колега од претходниот состав, Џемал Мена. Нему му се судеше по бегство и беше ослободен од вина во случајот за претепувањето на сограѓанинот Спиро Топаловски, а откако охриѓанецот го промени исказот и рече дека, всушност, не бил тепан.
Усеини е познат и по дивоградбата среде Охрид, која петта година никој не ја урива.






