Надзор на работата на “Бехтел и Енка” во вредност од една милијарда денари

Три фирми се во игра за избор на надзор на конзорциумот Бехтел и Енка, кој ќе ги гради четирите автопатски делници од Коридорите 8 и 10. Понудите денеска беа отворени во Јавното претпријатие за државни патишта. Бараат надзорот да го вршат за сума од над една милјарда денари.



Министерот за транспорт и врски, Благој Бочвараски од Свети Николе истакна дека по отвоарањето на понудите ќе следи и одредена постапка за избор.

Ова е втор повик за избор на надзор за Кордидорите 8 и 10, откако првиот пропадна, бидејќи избраната фирма не доставила банкарска гаранција. Изградбата на автопатските делници Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостива-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан се очекува од наредната година. Според Бочварски прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетот е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за неа државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското езеро.

Извор: Телма