Наџаков за СДС-БГ: А он како идиот се смее, ќе има второ и трето полувреме…

Штипскиот адвокат и екс поддржувач на СДСМ кој партијата ја нарекува СДС Бугарска Никола Наџаков смета дека ваков протокол со Бугарија смеело да се потпише само ако Македонија била под окупација.



Тој најавува второ и трето полувреме на оваа тема.

,,До СДС-БГ и комплет влада, арам да ви е! Ме разочаравте 100 % иако на избори гласав за вас.

Па да бевме под целосна воена окупација од Бугарија ваков Протокол не смее да се потпише а камоли ако си мислиме дека сме слободна и независна држава. А и демек сме членка на НАТО!

Еди Рама бил у право кога кажа за Таче “Претседател на влада на западна Бугарија” а он како идиот се смее. Џабе се лутевте.
Ние со вас веќе не сме ни слободна ни независна држава.

Но ке има и второ и трето полувреме”, пишува угледниот адвокат и поранешен поддржувач на СДСМ.