Битолската полиција поднесе кривични пријави за доктори од Битола, кои на почетокот на годината на невработена докторка-гинеколог и дозволиле изврши оперативна интервенција, породување со царски рез врз родилка во Одделение за гинекологија и акушерство при битолската болница.



МВР информира дека СВР Битола денеска до битолското ОЈО  поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Кривична пријава е поднесена и против А. В (33) од Белград, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Телма