Може да има мир само ако Америка и Русија се договорат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за германскиот магазин „Цицеро“.
Прекинот на огнот не треба да се постигне меѓу Русија и Украина, туку меѓу Америка и Русија, нагласи унгарскиот премиер.
„Секој што мисли дека оваа војна ќе заврши преку руско-украинските преговори не живее во овој свет. Реалноста на моќта е поинаква“, категорично изјави тој.
Според Орбан, Украина може да се брани од руските напаѓачи само затоа што добива воена поддршка од САД. Војната, рече тој, е отворена затоа што Американците побарале да биде така, пренесува Њуз,бг..
„Затоа Американците мора да се договорат со Русите. И тогаш војната ќе заврши“, резимира тој.
Но, Орбан не смета дека американскиот претседател Џо Бајден е вистинскиот преговарач од американската страна. Според неговите зборови, американскиот претседател отишол предалеку.По почетокот на војната, Бајден го нарече Путин „касап“, „воен злосторник“ и „диктатор-убиец“.
Бајден има кажано такви работи за рускиот претседател Владимир Путин дека двајцата тешко можат да преговараат за мир, убеден е тој.
Она што ќе го кажам ќе звучи брутално, но надежта за мир се вика Доналд Трамп, рече Орбан.
Во резимето на интервјуто за друго издание што ќе биде објавено во наредните денови, „Берлинер цајтунг“ Орбан вели дека уште во 2014 година постоела опасност од војна , но тоа го спречила Ангела Меркел и благодарение на нејзините преговарачки способности.
„Во моментов Меркел ја нема, и затоа е дојдено до ова“, смета Виктор Орбан.
долари месечно, но побараа и нивните сојузници да дадат поддршка.







