Вкупниот број на смртни случаи од пандемијата на Ковид-19 во светот надмина 6 милиони, објавија светските медиуми.



Досега, ширум светот се пријавени 6.001.891 смртни случаи од Ковид.

Вкупно 442 милиони случаи се пријавени ширум светот од пандемијата.

Најголем број на смртни случаи има во САД – над 955.000, потоа Бразил (над 650.000) и Индија (514.000).

Највисока просечна дневна смртност има во Соединетите држави, каде што околу 1.300 луѓе умираат од Ковид дневно.

Следат Русија сонад 700 смртни случаи дневно и Бразил со околу 500.