Дури 50,6 проценти од пензионерите, или 163.012 од нив, во август земале по помалку од 14 илјади денари.
Просечната пензија во август изнесуваше 15.854 денари.
Најниската пензија е 8.263 денари и ја примаат земјоделските пебнзионери, а највисоката која во просек изнесува 23.069 денари ја земаат воените пензионери.
Највисоката пензија е 57.992 деанра и неа во август ја земале 39 лица, додека вкупно 1.324 пензионери ги добиваат највисоките пензии што се движат од 40.548 до 57.992 денараи.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во август регистрира вкупно 325. 637 корисници на пензија. (Вечер)






