Повеќе од половина од идентификуваните мафијаши кои добиле македонски пасоши со лажен идентитет имале меѓународна потерница но тоа не било проблем без никакви пречки да влегуваат во македонски полициски станици и да се сликаат за пасош.
Полициските истражители кои цели 24 месеци биле дел од истрагата за “Двојник” освен што не можеле да ги најдат најголем број од луѓето што добиле пасош не можеле да уапсат дури 32 носители на пасоши од вкупно 59 идентификувани кои биле барани од Интерпол.
Засега никој нема објаснување како е можно во опсежна истрага која траела цели 2 години да не се дознаат идентитетите на добитниците на пасоши и тие да не бидат приведени додека го правеле кривичното дело.
“Во двегодишната истрага од издадени 215 биометриски пасоши со украден идентитет, идентификувани се само 59 корисници. Останатите 156 корисници не се идентификувани. Од 59 идентификувани мафијаши, наркобосови, атентатори, перачи на пари и терористи, кои во редовна постапка во просториите на административните служби во македонското МВР биле фотографирани за пасоши, 32 се бараат со потерници во Интерпол”, објави
мкд.мк.
Порталот вчера објави дека Спасовски не знае каде се дури 3 четвртини од вкупниот број на лажни пасоши.
По 2 години истрага Спасовски не знае каде се 3/4 од лажните пасоши на МВР што го води 5 години






