Седумдесет отсто од новите случаи на ковид-19 се заразени со британскиот сој на ковид-19, соопшти министерот Венко Филипче според кој, направената анализа покажува шириње на британската мутација на вирусот во земјава.
„Ќе ја следиме ситуацијата деновиве, да видиме дали е мини бран, по што ќе се знае дали ќе се препорачаат дополнителни рестриктивни мерки за одредени реони или за цела држава. Поради топлото време луѓето се опуштија, не носат маски при движење на отворено и не се одржува дистанца“, рече Филипче.
Министерот ниту денеска немаше информација кога во земјава ќе стасаат кинеските вакцини и оние од дирекната спогодба со компанијата „Фајзер“, со што би почнала вакцинацијата на населението.





