Над четврт милион иселени од Македонија во ЕУ во последните десет години

Од 2008 до 2018 година во Европска унија мигрирале 258.020 државјани на Македонија, објави на Твитер пратеникот Антонио Милошоски.



Рекордер од Западен Балкан во тој поглед е Албанија со дури 1.249.706 иселени граѓани во ЕУ во последната деценија. Во тој период во Унијата се доселиле 588.033 државјани на Србија, од Косово 529.647, од Босна и Херцеговина 318.271 и од Црна гора 36.089.

До овие бројки е дојдено со собирање на апликациите за азил по прв пат, граѓани откриени со нелегален престој во ЕУ и дозволи за престој во ЕУ доделени прв пат.