Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за измени во Уставот што му овозможуваат да остане на власт до 2036 година доби поддршка од 77,6 проценти од излезените гласачи на референдумот што, поради пандемијата од Ковид-19, траеше една недела.



Против се изјаснија 21,6 отсто од избирачите што го искористија своето право на глас, а излезеноста беше 65 отсто, соопшти Централната изборна комисија на Русија.

Според сегашните уставни одредби, Путин ќе мораше да се повлече од функцијата до 2024 година, кога му истекува вториот шестгодишен мандат, но со измените добива можност за уште два такви мандата.

Самиот тој изјави дека не е сигурен дали ќе сака да ја извршува претседателската функција толку долго, со оглед на тоа дека во 2036 година би имал 83 години.