Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјавил дека 76.358 мигранти ја напуштиле Турција по изјавата на турскиот претседател Таип Ердоган дека Анкара одлучила да ги отвори границите кон ЕУ за сдириските бегалци, јавува БГНЕС.
„До 8:55 часот утрово, бројот на мигранти кои ја напуштија нашата земја преку Едрене (провинција што граничи со Грција и Бугарија во северозападна Турција) е 76.358“, напишал Сојлу на Твитер, цитиран од РИА Новости.
Претходно, портпарол на владејачката партија за правда и развој на Турција, Омер Челик, рече дека Турција останува посветена на својата миграциска политика, но веќе не е во можност да го задржи протокот на бегалци од Сирија. По изјавата, соседите на Турција најавија зголемени гранични контроли.





