Над 60 мигранти се удавија во бродолом во близина на Либија

Шеесет и еден мигрант, вклучувајќи жени и деца, се удавија во „трагичен“ бродолом кај Либија, објави во саботата Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Либија на платформата X (поранешен Твитер).



Преживеаните рекле дека бродот со 86 луѓе испловил од либискиот град Звара.

Централниот Медитеран сè уште е еден од најопасните миграциски рути во светот“, се вели во соопштението на ИОМ.

Според извештаите на новинската агенција АФП, повеќето од жртвите на последниот инцидент биле од Нигерија, Гамбија и други африкански земји.