За 36 лева (18 евра) биле зголемени трошоците за живот од почетокот на годината во Бугарија, а нето плата од 1. 180 лева 590 евра ( едно евро = 2 лева) се неопходни за нормално живеење, но голем дел од бугарските граѓани живеат под овој праг, па дури и под линијата на сиромаштија.
Просечната месечна бруто плата во Бугарија во 2017 година изнесувала 542, а нето платата што се исплаќа е 423 лева, пренесуваат бугарски медиуми.
Во Софија, на едно четиричлено семејство му требаат 3.078 лева месечно, што е за 30 насто повеќе отколку трошоците на живот во другите делови во Бугарија.
5.417.000 луѓе од помалку од 7 милиони жители на Бугарија живеат со приходи од 590 лева месечно.




