Над 450 идеи и предлози викендов се стигнати во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ од страна на граѓаните. Опозициската партија задоволна од постигнатиот успех од новата акција „Отворен ден со граѓаните“ каде луѓето може да учествуваат во одлуките на локалните самоуправи, односно да одлучуваат на што ќе се трошат нивните пари. Христијан Мицкоски вети дека ќе продолжат да работат транспарентно и отчетно бидејќи граѓаните заслужуваат подобра иднина.
„Практично оваа акција ние ја именувавме биди дел од промените кои иднина носат, затоа што секогаш ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија покажува еден вид на нов пристап кон управувањето на институциите, така и оваа акција кај за прв пат се случува во Македонија, од нејзината самостојност до денес. Едно транспарентно и отчетно работење, најпрво со отчетите а сега и со ваквиот начин на транспарентно собирање на идеи. Повеќе од 450 идеи во текот на вчерашниот ден се собрани, дел од тие идеи ќе бидат вклучени и инкорпорирани практично во буџетите за следната година на општините, што не прави задоволни бидејќи навистина гледаме еден интерес кај граѓаните да видат дел кои што ќе донесат иднина – изјави Мицкоски.
„Исто така изминатиот период како општина организиравме еден граѓански дијалог со директни средби со граѓаните во 24 месни урбани заедници. Искрено од одзивот и интересот на граѓаните сум задоволен, а секако и од идеите кои што се доставени. Согласно идеите кои што стигнаа до општината и кои што ги предлагаат граѓаните и можностите за 2023 година ќе креираме еден развоен буџет, буџет кој ќе донесе инфраструктурен бум во општина Гази Баба, година во која што ќе се реализираат голем број на капитални инвестиции како што се изградба на нови детски градинки, изградба на нови паркови, изградба на училишни спортски сали, изградба на детски катчиња, на мултифункционални игралишта и така натаму“, рече Стефковски.
Акцијата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и следниот викенд, а граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи од 11 до 14 часот. Истото може да го направат и на веб станицата budzet.mk.
Извор: Алфа





