Над 40% од сиромашните Бугари кои работат, немаат пари да ги греат своите домови, со што Бугарија е на второ место во Европската унија по енергетска сиромаштија, се вели во анализата на Еуростат.
На почетокот на есента и во пресрет на зимата, 15 проценти од сиромашните луѓе во Европа кои се вработени нема да можат да го вклучат греењето.
Ситуацијата е влошена во десетина земји-членки на ЕУ во последната деценија, а се очекува дека зголемувањето на цените на електричната енергија во Европа ќе доведе до уште поголема енергетска сиромаштија.
Најлошо е на Кипар – 45,6 проценти, потоа во Бугарија – 42,8 проценти, Литванија – 34,5 проценти.






