Над 300 милиони евра пораснал надворешниот државен долг во однос на лани

Државниот долг на Македонија на крајот на 2022 година изнесува 6.581,1 милиони евра, односно 51 отсто во однос на БДП, што претставува намалување од 1 процентен поен во однос на претходната година, се наведува во последниот годишен извештај за управување со јавниот долг, доставен до пратениците, пренесува Фактор.мк
Македонија останува умерно задолжена земја, а нашиот државен долг е понизок од просекот во земјите членки на Европската унија, каде истиот достигнува и до 84 проценти. Иако бројките говорат дека и понатаму остануваме во рамки на предвидените грануци на задолженост, сепак, номинално вредноста на долго пораснала.
Јавниот долг на Макеоднија на крај на 2022 година изнесувал 7.702,9 милиони евра, односно 59,7 отсто во однос на БДП што претставува намалување од 1,3 проценти поени во споредба со крајот на 2021 година. Од мај 2019 година во јавниот долг се вклучи и негарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерски друштва основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и град Скопје. Негарантираниот долг додаде 0,5 процентни поени во вкупниот јавен долг на крајот на 2022 година. Надворешниот јавен долг изнесува 5.055,5 милини евра, додека внатрешниот јавен долг изнесува 2.647,4 милиони евра – се наведува во извештајот доставен во Собрението.
надворешниот државен долг на крајот на минатата година изнесува 3.983,7 милиони евра и во однос на претходната година е зголемен за 334,8 милиони евра, додека внатрешниот државен долг изнесува 2.597,4 милиони евра, што претставува зголемување за 166 милини евра во однос на претходната година.

Целата анализа на :Фактор.мк
https://faktor.mk/nadvoreshniot-drzaven-dolg-porasnal-nad-300-milioni-evra-i-vnatreshniot-rastel–eve-kako-se-dvizeshe-zadolzuvnjeto-minatata-godina