Директорот на ЈСП, Иван Илиевски информира дека од минатата сабота, над 3.000 граѓани со жичарата се качиле на врвот на Водно.
„ Од нив 1.500 ја користеле жичницата, а биле продадени 350 билети само во еден правец. На втори јануари 2022 година, имало продадено околу 2.000 повратни билети и 450 биле само во еден правец. Во оваа пресметка не влегуваат децата за кои не се наплаќа билет – информираше Илиевски.
Според протоколите, се дозволува во една кабина да седат само четворица, а доколку некој пројави интерес се пуштаат и само двајца или тројца во кабина со задолжително носење на маски.
Жичарата не беше во функција 2 години…







