Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани, додека бројот на загинати по разорните земјотреси долж турско-сириската граница надмина 11.000.



Тој број се очекува да се зголеми бидејќи спасувачките напори на мултинационалните спасувачки тимови се забрзуваат во услови на ледени и бурни временски услови.

Тлото не се смирува. Денеска е регистриран нов земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер.

Десетици илјади луѓе се повредени. Во Сирија, каде здравствениот систем и инфраструктурата се уништени од 12-годишна војна, побавно пристигнуваат вестите за бројот на загинати.

Досега во Турција е потврдена смртта на над 8.500 луѓе, а во Сирија- земја уништена од 11-годишната граѓанска војна- загинаа уште најмалку 2.500. Во Турција се повредени над 38.000 луѓе.

Новинските агенции јавуваат дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигнал во подрачјето погодено од земјотресот.

Тој има намера да ги посети Кахраманмарас и Хатај, како и Пазарџик, епицентарот на земјотресот.

Многумина изразија гнев поради очигледниот недостаток на акција на владата, при што некои луѓе тврдат дека помошта допрва треба да стигне до нив

Турските власти велат дека од земјотресот се погодени околу 13,5 милиони луѓе на површина од 450 километри, од Адана на запад до Дијарбакир на истокот на земјата.