Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош поради појавата на коронавирус на неговиот брод, јави Си-ен-ен. .



„Не сме во војна, морнарите не мора да умрат. Ако не постапиме веднаш, не се грижиме за највредната работа што ја имаме – нашите морнари“, напишал капетанот Брет Крозиер во писмото испратено до Пацифичката флота на морнарицата на САД, потврди Си-ен-ен.

„Ширењето на болеста е во тек и се забрзува“, додал Крозиер кој предлага целиот екипаж да биде ставен во карантин.

Писмото на капетанот првпат го објави „Сан Франциско хроникал“. Според весникот, најмалку сто морнари се заразени со вирусот.