Според најновиот податок од Министерството за здравство, бројот на активни случаи на коронавирус во земјава во моментов изнесува 10.380.
Најмногу заболени – над 60% – има во Скопје, Тетово и Гостивар.
Во Дојран има само 2 активни случаи на ковид.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654.






