Повеќе од 1 милион Палестинци на југот од Појасот Газа очекуваат да бидат евакуирани пред да започне копнената офанзива на израелската армија против борците на Хамас во градот Рафах, јавува Ројтерс.



Агенциите за помош предупредија дека голем број цивили би можеле да загинат во израелската офанзива, а палестинската агенција на ОН за бегалци соопшти дека не знае колку долго би можела да работи „во операција со висок ризик“.

„Постои чувство на растечка вознемиреност, растечка паника во Рафах“, рече Филип Лазарини, шеф на агенцијата УНРВА.

„Луѓето немаат идеја каде да одат“.

Кабинетот на палестинскиот претседател Махмуд Абас соопшти дека планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за воен напад врз Рафах, во Појасот Газа, има за цел да ги протера Палестинците од нивната земја, пренесува Ројтерс.

Имено, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека на војската и е наредено да развие план „за евакуација на населението и уништување“ на четири баталјони на Хамас, за кои велат дека се распоредени во Рафах.

Израел не може да ја постигне својата цел да ги елиминира исламистичките милитанти кои владеат со Газа додека тие единици остануваат, се вели во извештајот.

Изјавата доаѓа два дена откако Нетанјаху го отфрли предлогот на Хамас за прекин на огнот, кој вклучуваше ослободување на заложниците кои ги држат палестинските милитанти…