Македонскиот тенор Благој Нацоски продолжува со промовирањето класична музика од Македонија во Италија, каде што на 12 август ќе одржи концерт насловен „Македонска вечер“.
„По големиот успех на концертот со македонска музика во јуни, среќен сум што можам да го најавам мојот втор концерт оваа година во Италија, целосно посветен на македонските автори“, објави тој на Фејсбук.
Скаловски, Прокопиев, Џамбазов, Цанев, Андовска, Имери и Наунов се македонските автори чиишто дела ќе изведе Нацоски на концертот во Сан Квирино, стотина километри од Трст, на кој ќе го придружуваат сопранот Паола Кампоново и пијанистот Алфредо Блесано.






