„Смачено му е и на Севишниот веќе од нас од безмерните човекохулења. Сите сме за скокање и тоа со врзани раце во најдлабокото. Ама, за таму не ќе ни треба продолжување на пасошите, може и со старите, без прекрстување на името на библиската земја Македонија.“ – вели новинарот Бошко Нацевски во објавата со наслов „Човекохулење“ на својот фејсбук-профил.
Нацевски пишува: Денес е Водици, Богојавление. Ако се јави Бог навистина, што да му кажеме? Или тој ќе ни каже дека сите сме за скокање по крстот и тоа со врзани раце во најдлабокото. Бог мора да е секогаш во право. Ќе се загадат водите, ама ќе ни се исчисти земјата. За таму не ќе ни е потребно продолжување на пасошите. Можело и со старите, без прекрстување на името на библиската земја Македонија. И по Велигден и по Илинден. Од Бога ни е дадена гратис виза.
Проблем е само тоа што не сме сите истобожни и истоверни. Смачено му е и на Севишниот веќе од нас. Гледа Семоќниот дека безбожници си прават театар – ќе изгинеме на отворена сцена без зрнце барут од катадневни богослужни драмења и од безмерни човекохулења, според онаа на Џон Лок: „Човек на човека му е волк.“.





