„Ние избираме владини, или собраниски функционери, партиски лидери, без притоа да приложат лекарско уверение. Без психијатриско мислење. Без потврда дека не е осудуван, или без документ дека против него не се води истражна постапка. Немаме ни ронка доказ колкава е неговата ментална грамажа. Колкава е неговата политичка култура.“ – истакнува новинарот Бошко Нацевски во објавата на својот фејсбук-профил, која треба да послужи како своевидно предупредување до бирачите да обрнат многу поголемо внимание за кого ќе гласаат на парламентарните и претседателските избори во 2024 година.
Во објавата со наслов „После свадби тапани!“ Нацевски дополнува: Ние ги бираме по принципот “жими мајка”, па нормално е што не ни се по мерка. Најчесто после свадбите удираме во тапаните.
Купуваш коњ, магаре, вол и за мислење одиш не кај џамбази, туку кај доктори, ветеринари.





