Комисијата за заразни болести денеска ќе заседава за да процени дали да продолжат сегашните рестрикции или ќе препорача нивно ублажување или заострување, зависно од епидемиолошката слика, по што владата ќе донесе одлука.
Утре истекуваат забраните за движење на граѓаните од 20 до 5 часот, воведени пред две недели.
Пакетот рестрикции, опфаќаше затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.







