На Володимир Зеленскиј му е забрането да испорача порака на финалето на Изборот за песна на Евровизија, чиј домаќин оваа година е Велика Британија во име на Украина, пренесе Еуроњуз.



Организаторите велат дека постојат правила за да се задржи политиката надвор од натпреварот во пеење.

Во соопштението, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го продуцира настанот, рече дека го одбила барањето на Зеленски да и се обрати на публиката – која може да биде до 200 милиони гледачи ширум светот – иако ги забележала неговите „пофални намери“.

„Натпреварот за песна на Евровизија е меѓународно забавно шоу и раководено од строги правила и принципи кои се воспоставени од неговото создавање“, се вели во соопштението на ЕБУ.

„Еден од темелите на натпреварот е неполитичката природа на настанот.