„Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и коалицијата ‘Можеме’, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 по денешната покана на Али Ахмети за средба на лидерите на политичките партии од албанскиот политички блок, по повод 19 годишнина од Рамковниот договор.
Заев немаше одговор на прашањето дали, доколку има договор меѓу овие партии, тоа би влијаело врз формирање на новото мнозинство.






