На врвот на рекет операцијата на Боки 13 бил “Капо ди тути капи”

Според она што се слуша низ чаршијата ова е само врвот на ледената санта која е многу подлабока и во која се вклучени врвни поединци од СДСМ на чело со „капо ди тути капи“ кој бил постојано информиран и во тек со сè. Знаел сè! Затоа обвинителството треба и него да го повика на распит и да отвори истрага за неговата вклученост во овој рекет. Најверојатно ќе се утврди дека е на врвот на пирамидата.



Ова го тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во колумна за Независен весник.

Тој бара органите на прогонот за почеток да погледнат во дневниците за средби на премиерот и безбедносните камери на Владата и на СДСМ, во просек еднаш до двапати неделно „капо ди тути капи“ имал долги средби со сега првоосомничениот.

“Што договарале на тие средби и што координирале. Дали можеби „капо ди тути капи“ му давал насоки која да биде следната жртва? Дали му давал упатства како еден негов градоначалник да се гледа со жртвите во Грција и таму да го собира рекетот. Овие и многу слични прашања ги зборува чаршијата и редно е да ги отвори обвинителството низ една правна процедура”, пишува Николовски.

Целата колумна овде