„На врх брда врба мрда“: Кон најновиот филм на Манчевски

Филологот, македонист и публицист Трајче Бјадов со своја анализа на новиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“.



„Го гледав ‘Врба’. Ако нешто направил добро во филмот Милчо, тоа е актерската екипа.

Браво за сите млади! Камка ми се допадна многу. Одигра супериорно, беспрекорно. Одлични беа и Сара, и Наталија, и Никола, и Ненад, и малиот што го игра Кирил. Браво за сите!

Она што станува јасно за филмовите на Милчо е дека драматуршки се клатат. Веројатно е така кога сака да биде сѐ – и сценарист, и режисер (и монтажер).

Стануваат предвидливи и за публиката досадни. Како цело време да снима еден ист филм. Се цитира себеси. Толку епика има и во темите што ги бира и третира и цело време бега од неа. Епското го остава на фотографијата и музиката, а тие треба да бидат присутни – во лирското.

Наместо лирика, има згуснати емоционални набои, кои повеќе треба да ја спасат некоја сцена, отколку да акцентираат некој индивидуален пад, пораз или потфат. Да не беше толку спремна актерската екипа, ни тоа немаше да се види.

Милчо размислува писателски, не режисерски. И тоа постојано му пречи, а не е ни таму посебно добар. Тој сака да раскажува со фотографија, а во расказот и романот тоа е опис.

Дијалозите му се несоодветно развиени и оставаат впечаток на театарски исечоци, недоречени. Време е да почнува да соработува со некој на тој план, на сценаријата, оти се повторува и остава впечаток дека нема ништо ново што да каже“, пишува Бјадов за филмот кој меѓу филмските критичари беше дочекан со спротивставени оценки.