Водно е изземено од одлуката за забрана на движење по шуми и шумските предели во државата, но во соопштението до јавноста е направен превид и тоа не е спомнато, информираат од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, по револтот кој се појави меѓу граѓаните на социјалните мрежи.
Соња Јанковска, портпарол на Министерството, вели дека „движењето на Водно е изземено од оваа одлука бидјеќи се работи за шума која не е во надлежност на ова претпријатие.“ (НОВА ТВ)





