На Велигден поп во црква на МПЦ-ОА на грчки јазик ги поздравил верниците Македонци

За време на црковната церемонија на големиот христијански празник Велигден поп во македонска црква ги поздравил верниците Македонци на грчки јазик.



Ситуацијата се случила во црквата Свети Димитриј Солунски во Палм Бич Гарденс во американската сојузна држава Флорида.

Очевидци на настанот тврдат дека кога очекувале дека на крајот на велигденската молитва свештеникот ќе заврши со традиционалната порака Христос Воскресе попот два пати на грчки јазик со зборовите ,,Христос арести” им го честитал празникот на верниците.

Дел од очевидците се шокирани од употребата на грчкиот јазик во оваа македонска црква на православни Македонци во овој дел на САД кои се верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Навредените очевидци очекуваат објаснување и од локалниот црковен одбор на црквата Свети Димитриј Солунски на Флорида но и од владиката Матодиј кој е администратор на американската епархија на МПЦ-ОА.

Дел од очевидците се сомневаат дека инцидентот, како што го нарекуваат користењето на грчки јазик во македонска црква, е поврзано со начинот на признавање на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија која ја водат грчки свештеници.