(…)
Одамна е јасно дека Унгарецот Вархеји е далеку од калибарот на неговиот претходник Јоханес Хан, а ниту на Оли Рен, па и Штефан Филе. Оние што паметат подолго (без да гледаат во интернет архивите) не ќе можат да се сетат на изјави на неговите претходници кои ја демотивираат европската агенда на Македонија. Па дури и во ситуации кога требаше да го кажат познатиот став дека без договор за името со Грција е комплицирано да се оди напред. Тие тоа го правеа на умешен начин да не се повреди домаќинот.
Вархеји тоа го прави на суров начин. Дури и кога дојде во Скопје да ја испорача скромната доза на европските вакцини тој рече дека доколку Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик за историските барања за Софија ќе се разгледува опцијата за одвојување на двете земји.
Тоа го кажа и во разговор за Еуроњуз, а неколку месеци порано велеше дека Македонија треба да покаже повеќе разбирање за барањата на Бугарија за да може да оди напред.
Веќе се создаде еден впечаток во македонската јавност дека на Оливер Вархеји како аѓутант за врска со Брисел (откако шефот на европската дипломатија Жозеп Борел покажува зачудувачки мала заинтересираност за регионот) не може премногу да му се верува.
Дека средбите со него се неопходни, но дека искреноста и непосредноста на средбите на македонските раководители со него е фрлена настрана. Дека овие контакти се одвиваат на некакво неопходно подносливо ниво. Тоа е впечатокот, но прашање е дали е тоа целата вистина“
Повеќе на следниот ЛИНК







